КК Куманово на гости кај Карпош Соколи

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово во недела на гостински терен ќе се обидат да освојат нова победа против второрангираните во табелата, екипата на Карпош Соколи.

Жестока борба ги чека кумановци на самиот натпревар кој ќе се одржи во рамките на 17-то коло од домашното кошаркарско првенство, за нова победа и нови поени на бодовната скала на Македонската кошаркарска федерација.

Натпреварот е закажан за 20 часот, а играчите на Страшко Тодоровиќ се повеќе од подготвени да ги почестат Кумани и своите верни навивачи со уште една победа во низата.