КК Куманово му гостува на Пелистер

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска на гостински терен го играат 16то коло од домашниот шампионат, а за противник го имаат силниот Пелистер.

Loading...

Куманово воочи овој натпревар донесе две нови засилувања. Станува збор за искусниот Канаѓанец Рајан Рајт и младиот и незапирлив српски интернационелц Андрија Марјановиќ кој сино-белиот дрес го носеше и минатата сезона.

Сепак кумановци ќе имаат исклучително тежок натпервар и минимални шанси против Пелистер кој е незапирлив сезонава и бележи 12 победи, наспроти Куманово кое досега има само четири.

Мечот се игра денеска со почеток во 18:30 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале пред продажен објект

Никола Ивановски