КК Куманово ќе игра четвртфинале со Работнички

Сподели со своите пријатели

Карпош Соколи ја прекинаа низата од пет последовни порази од МЗТ Скопје откако победија со 68:83, меч за кој социјалните мрежи фрчат со коментари дека е наместен за да се истурка Куманово од втората позиција во табелата.

Со оваа победа Соколите се позиционираа на второто место на табелата по комплетирањето на регуларниот дел од сезоната што им донесе пласман во полуфиналето од плејофот.

Најголем губитник од елипогот во „Јане Сандански“ е Куманово кој сега ќе мора да игра во четвртфиналето против Работнички. Поради повеќето победи во меѓусебните пресметки Куманово е домаќин на првата средбата од серијата до три победи а во неа кумановци влегуваат со предност од 1:0.

Во второто полуфинале ќе играат Фени Индустри и Кожув. Тука предноста од 1:0 и домашниот паркет го има Фени.

Четвртфиналната серија во нашата најсилна кошаркарска лига започнува во вторник.

Извор: МКД.МК