КК Куманово и МЗТ ќе си ги одмерат силите во Хуавеј Супер Куп 2015

Сподели со своите пријатели

Викендов, на 26ти и 27ми септември, во Охрид ќе се одржи првиот кошаркарски ХУАВЕЈ Супер Куп 2015. Четирите најдобри кошаркарски екипи од македонското првенство и Купот ќе се натпреваруваат за премиерниот трофеј во новата сезона – пехарот во Хуавеј Супер купот.

Loading...

Во првиот Хуавеј Супер Куп ќе учествуваат шампионот МЗТ Скопје, победникот на Купот, Работнички и финалистите во двете национални натпреварувања Куманово и Кожув.

Првото полуфинале, во сабота од 17,30 часот ќе се игра меѓу двете најдобри екипи од купот на Македонија, Работнички и Кожув, а за вториот финалист ќе се решава на дуелот меѓу шампионот и вицешампионот, МЗТ Скопје А. – Куманово, со почеток во 20,15 часот.

Финалниот натпревар ќе се одигра во недела со почеток во 19,30 часот. Натпреварите ќе се играат во салата Билјанини Извори, Охрид. Националниот телевизиски сервис МТВ ќе врши директни преноси од сите три натпревари.

Турнирот е во организација на Македонската Кошаркарска Федерација и Општина Охрид, заедно со генералниот спонзор и покровител, глобалниот електронски гигант  ХУАВЕЈ „Хуавеј Супер Купот е одлична можност за потврдување на стекнатите позиции на кошаркарските екипи или пак повторно измерување на силите.

Воедно ова е почеток на уште еден турнир на најдобрите тимови што секако ќе придонесе за континуирано генерирање на нови квалитети при создавањето на националниот тим.

„Дуелите на четирите најдобри екипи се најава за новата сезона, која стартува на 10ти октомври, со учество на осум екипи, кои ќе играат четирикружен систем, по што ќе следува Плеј оф во кој ќе учествуваат шесте најдобри екипи од регуларниот дел од првенството“, изјави Петар Наумоски, Претседател на Македонската Кошаркарска Федерација.

„Неспорен е фактот дека ни се потребни што повеќе натпреварувања, турнири и купови што ќе ја подигнат кошаркарската култура во Македонија. Но исто така, во однос на професионалната кошарка тоа е можност за дополнителна мотивација како на екипите така и на натпреварувачите за поставување на повисоки цели и подобри резултати на меѓународно ниво, и во рамките на репрезентацијата и во екипното натпреварување“, изјави Крсте Галевски, од Македонската Кошаркарска Федерација.

Генералниот спонзор и покровител на ХУАВЕЈ Супер Купот, глобалниот електронски гигант ХУАВЕЈ (Huawеi), ќе ги награди најдобриот играч и најефикасниот кошаркар на турнирот со најнови модели на Huawei P8, односно Huawei P8 lite, смарт телефони, а исто така со најнов смарт телефон Huawei G620 ќе биде награден и најсреќниот гледач на финалниот натпревар.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.