КК Куманово го продолжува „походот“ низ Бугарија

Сподели со своите пријатели

По вчерашната победа врз Академик Пловдив, кошаркарите на Куманово вечерва во Бугарија се пред нов предизвик.

Loading...

Во рамките на БИБЛ лигата избраниците на тренерот Владимир Марковски денеска со почеток во 18 часот по локално време ќе го одиграат натпреварот против Берое во Стара Загора.

Токму против Берое, КК Куманово во 2017 година го играше финалето во БИБЛ лигата, но мораше да се задоволи со сребрените медали.

Инаку, на вчерашниот меч новото американско засилување Отис Ливинстон се покажа како најефикасен во редовите на Куманово во комбинација со неговиот сонародник Рос, а успеа да се разигра и Живчевиќ во комбинација со Марковски и Андрејевиќ, од кои се очекува истата форма да ја задржат и вечерва.

Никола Ивановски

Leave a Reply