КК Куманово го прегази МЗТ, Кумани го „погребаа“ Луковиќ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Шампионот падна пред кумановци. Кошаркарите на КК Куманово со убедлива победа од 10 поени разлика го ги совладаа играчите на МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен, а навивачката група Кумани симболично го „погребаа“ поранешниот играч Урош Луковиќ, кој од редовите на Куманово замина во МЗТ.

 

Loading...

 

Кумановците во текот на сите 40 минути ја имаа целосната доминација врз играта. Победата беше наговестена уште на почетокот на третата четвртина кога изабраниците на Србиновски имаа двоцифрена позитива, односно резултат 44:34. Во сличен стил заврши и целиот натпревар со двоцифрена предност за кумановци, односно резултат од 80:70.

 

 

Со 20 поени најдобар беше Александар Костоски, а зад врат му дише Марко Симоновски со 18 поени и 4/4 за тројка. Веднаш зад нив со 15 поени брилираше Мандиќ и со 10 Бјелиќ, додека Трајковски се покажа во послабо издание со само седум поени.

Овој триумф е многу значаен за КК Куманово, кој е се уште на третата позиција, но само еден поен е потребен да ги симне Соколите од втората позиција, а со оглед дека следниот меч во сабота ќе биде на гостински терен со Бест во Гевгелија кумновци може да се надеваат на позитивен скор.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.