КК Куманово го пречекува бугарскиот Академик Пловдив

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска на домашен терен ќе го пречекаат составот на Академик Пловдив од Бугарија.

Loading...

Збиениот распоред кој го има Куманово и во домашното првенство, по мечот кој завчера го играше во Битола, но и веќе закажаниот против МЗТ во недела, не остава доволно простор на тренерот Владимир Мирковски да се подготви за еден од фаворитите во регионалната лига кој доаѓа од Бугарија.

Досега Куманово прикажа осцилации во играта кога е во прашање Балканската лига, токму поради густиот распоред, но и фактот дека неколку кошаркари беа позитивни на коронавирусот, а сите останати завршија во изолација.

Сето тоа го отежнува тренажниот процес, во комбинација со промени во ростерот кои ги имаше клубот во изминатиот период.

Вечерва Куманово ќе треба да го искористи максимално домашниот терен (салата на СОУ „Перо Наков“) во своја полза, во мечот кој започнува во 17 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply