КК Куманово ги откажа сите тренинзи и натпревари во младинските категории

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово донесе одлука да ги откаже сите тренинзи и натпревари на младинските категории со оглед на новонастанатата ситуација со мерките преземени за спречување на ширењето на коронавирусот.

Loading...

Како што изјави претседателот на клубот Александар Крстевски за Кумановски Муабети, ваквата одлука важи за сите младински лиги во кои се натпреварува клубот.

– Со цел превенција од ширење на вирусот, согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија одлучивме во следниот период да се одложат сите тренинзи и натпревари на клубот за сите младински категории и кошаркарската школа нс Куманово. Тренинзите на сениорите продолжуваат со исто темпо. Тие ќе играат пред празни трибини согласно одлуката на федерацијата, изјави тој.

Ќе ја следиме ситуацијата, вели Крстевски, и ќе постапуваме согласно сите препораки на надлежните институции.

Leave a Reply