КК Куманово денеска со прв меч во БИБЛ лигата сезонава

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва со почеток во 19 часот на домашен терен го пречекуваат составот на Академија ФМП, меч со кој ќе ја започнат новата сезона во регионалната БИБЛ лига.

Loading...

Кумановци досега одиграа три натпревари, од кои два во домашното првенство кои ги завршија со еден пораз и една победа, а настапија и во ФИБА Еуро Купот каде забележаа пораз од актуелниот шампион на Австрија.

Вечерва предност имаат поради домашниот терен.

Мечот се игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, а публиката може да го проследи мечот од трибините со почитување на сите ковид мерки, меѓу кои и задолжително поседување сертификат за вакцинација.

Никола Ивановски