КК Куманово денеска против Еуро Никел

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово на домашен терен денеска со почеток во 18:00 часот го пречекуваат составот на Еуро Никел во рамките на 9. коло од домашниот шампионат.

Loading...

По минатонеделната голема победа против лидерот на табелата, КК Гостивар, избраниците на тренерот Александар Петровиќ се пред нов предизвик.

Од денешниот меч зависи дали Еуро Никел ќе ја задржи својата 4та позиција во табелата, или водството ќе го преземе Куманово.

Од досега одиграните натпревари кумановци се на 6та позиција со ист број бодови како Работнички кој е на 5то место во табелата.

Мечот ќе се одигра во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Leave a Reply