КК Куманово денеска на гости кај Фени Индустри

Сподели со своите пријатели

Во рамките на 23-то коло од домашната кошаркарска лига кошаркарите на Куманово ќе ги одмерат силите со Фени Индустри во Кавадарци.

Мечот има високо значење за зацврстување на позицијата која моментално ја има КК Куманово на табелата, пред самиот почеток на плеј-оф завршницата. Со 15 победи и 7 загубени натпревари кумановци се наоѓаат на третата позиција во лигата, веднаш зад Карпош Соколи кои се втори со 16 победи и 6 загуби.

Инаку токму со Карпош Соколи во среда ќе играме на домашен терен.