КК Куманово денес повторно во обид да ги совлада играчите на Работнички

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на КК Куманово денес со почеток во 17 часот на гостински терен ќе си ги одмерат силите со играчите на Работнички, откако минатиот пат на домашен терен ги совладаа со резултат од 83:67.

Натпреварот се игра во рамките на 15-то коло од Првата машка кошаркарска лига на Македонија, каде моментално на табалета КК Куманово го зазема високото трето место со 23 поени. А на првите две се МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи со по 25 поени.

Следниот натпревар играчите на Страшко Тодоровиќ ќе го одиграат на домашен терен кога повторно ќе ги пречекаат кошаркарите на КК Фени Индустри од Кавадарци.