КК Куманово без успех од „Јане Сандански“

Сподели со своите пријатели

Изабраниците на Марјан Србиновски со тешки маки го загубија натпреварот кој вчеравечер се играше на гостински терен кај МЗТ Скопје Аеродром со резултат 91:73 во рамките на третиот меч од финалето на домашниот кошаркарски шампионат.

Крајниот надуван резултат не значи дека кумановци не се бореа. Скоро во три четвртини двата тима се подудараа со неколку поени разлика, но последните минути сино-белите покажаа лоша игра и штркот одлета со втората победа.

Кај гостите најдобар беше капитенот Александар Костоски со 17 поени, а зад него Трајковски со 13 и Симоновски со 12.

Публиката на КК Куманово, за разлика од дечињата на МЗТ не замина со насмевка, но остана до последен момент да ги бодри своите идоли.

Во петок на домашен терен сино-белите ќе се обидат да дојдат до израмнување, инаку во спротивно титулата по петти пат ќе замине во Скопје.

Фото: архива на Кумановски Муабети