КК Куманово без шанси против Карпош Соколи (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово претрпеа убедлив пораз во осмото коло од домашната супер лига откако вчеравечер на гостински терен со резултат 100:75 беа совладани од составот на Карпош Соколи.

 

Loading...

 

Слабата игра на сино-белите започна уште од самиот старт, кога домаќинот направи и убедлива предност, па веќе првите 10 минути од средбата направи двоцифрена предност со резултат 22:12. Слична игра имавме можност да видиме и во втората четвртина, кога во 16та минута домаќините направија водство и од 22 поени кои за кумановци полека стануваа недостижни.

 

На полувреме сепак се замина со резултат 53:35, а нервозата на тренерот Србиновски и неговите совети вродија со полд веќе во третата четвртина кога по 18 коша уфрлија и двете екипи, сепак недоволно за голем пресврт во резултатот.

 

 

Loading...

Последните 10 минути од мечот, сино-белите го истрошија својот максимум. Слабата ротација, Србиновски се обиде на моменти да ја пополни и со играта на младиот Миодраг Јовановиќ кој за 10 минути поминати на паркетот успеа да реализира 7 поени. Голем замав во последните неколку минути доведе до 100 поени за домашниот состав и убедлива победа над БИБЛ финалистот од Куманово.

 

 

Најдобра игра од редовите на сино-белите прикажа репрезентативецот Димитар Караџовски кој постигна 15 поени, 12 Никола Караколев, а по 10 на листата со двоцифрени поени се најдоа и Американецот Јонел Браун и капитенот Марјан Јанески.

 

 

Петмина кошаркари на Карпош Соколи имаа двоцифрен број на поени. Најмногу Соколов со 18, по 13 впишаа Лабовиќ и Зекови, а по два помалку Пери и Мавра.

 

Loading...

 

На другата страна од Скопје, МЗТ загуби од Работнички, но најважно за составот на Куманово е поразот кој Фени Индустри му го зададе на Кожув со што сино-белите остануваат со ист број поени со кошаркарите од Гевгелија. Со поголемо водство веќе во среда кумановци ќе треба да го победат Фени Индустри, а потоа и МЗТ за пласман меѓу најдобрите четири во плеј-оф завршницата од сезоната.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...