Ќурчиска од Куманово меѓу 16 млади наградени на конкурсот за 70 годишнината на Советот на Европа

Сподели со своите пријатели

Советот на Европа за време на зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа свечено ја одбележа 70-годишнината од своето основање за време со пригодната свеченост во Операта во Стразбур. Во таа прилика беа доделени наградите на 16 млади Европејци од 47 земји членки на Советот на Европа, кои учествуваа на наградниот конкурс на организацијата посветен на 70 годишнината, меѓу лауреатите и една млада девојка од Северна Македонија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Loading...

Во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон, на 16 млади Европејци им беше доделена награда за нивните трудови на темата „Како го замислуваш Европеецот на иднината“.

Бисера Ќурчиска, ученичка во ООУ Кочо Рацин од Куманово, која од септември е средношколка, се најде меѓу 16 млади Европејци. Есејот на Бисера беше прогласен за најдобар есеј во нашата земја и истиот беше избран меѓу 16 есеи од вкупно 47 земји колку што брои Советот на Европа, кои беа наградени за време на свеченоста на 70 годишнината во операта во Стразбур.

-Бев изненадена кога професорката ми јави дека освоив прво место и дека ќе одам во Стразбур. Пишував за Европа и ја споредував Македонија со Европа и ја споредив со мене и јас сум дел од Европа, вели Бисера Ќурчиска, ученичка во ООУ Кочо Рацин од Куманово.

-Чест и задоволство ми е што Бисера со својот есеј успеа да не доведе овде во Европа. Бисера пишуваше за Европа и ние овде ја доживеавме Европа. Прекрасно е да се биде дел од ова и навистина би посакала, ако не за мене, туку за младата идна генерација која што доаѓа да биде дел од ова членство, бидејќи е прекрасно. Стразбур е прекрасен град, благодарам до Советот на Европа што ни овозможи да бидеме тука и да слушаме говор на еден врвен политичар и претседател на една голема европска држава. Тоа е навистина доживување, вели Весна Тодоровска досегашната професорка по македоски јазик на Бисера Ќурчиеска.

Лауретката и нејзината професорка беа примени и во постојаната мисија на Република Северна Македонија при Советот на Европа во Стразбур.

Инаку на свеченоста во операта во Стразбур, посеветена на 70 годишнината на Советот на Европа зборуваа бројни личности: францускиот претседател Емануел Макрон, генералната секретарка на Советот Марија Пејчиновиќ Буриќ, претседателот на Европскиот суд за човекови права Линос-Александр Сицилианос, поранешниот шпански премиер Фелипе Гонзалес, градоначалникот на Стразбур Ролан Рис, генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш или космонаутот Лука Пармитано.

Leave a Reply