Работата од дома е тешка за многу родители, а др. Клер Венхам е една од нив.
За време на преносот во живо на BBC, Венхам демонстрираше колку е тешко да се работи и да се забавува дете во исто време откако ќерката се појави на екранот.
ХИТ: Новинарка известуваше од дома, па во кадарот влета нејзиниот татко (ВИДЕО)
Скарлет најпрво сакаше да седне во скутот на нејзината мајка, додека Венам даваше изјава за епидемијата на коронавирус во Велика Британија. Лекарката нежно ја спушти својата ќерка и продолжи да дава изјава.
Девојчето отиде на другиот крај на собата и почна да го поместува цртежот на еднорогот што беше на полицата.
Скарлет го украде целото внимание, така што ниту водителот не ја слушаше што зборува. Венхам не можеше да одолее, а да не праша како е името на девојчето и со смеа додаде дека цртежот е убав.
Ја удри новинарката по задникот во живо, нејзината реакција е ХИТ (ВИДЕО)
Скарлет слушаше сè, па почна да се распрашува како се вика водителот.
„Моето име е Кристијан“, одговори тој.
„Кристијан, јас само се обидувам да одлучам каде да го поставам еднорогот“, одговори девојчето.
Д-р Венхам се извини за ситуацијата, но никој не можеше да престане да се смее.
Новинарка известуваше од плажа, а одеднаш и се доближи гол маж (ВИДЕО)
“Mummy what's his name?”
Dr Clare Wenham, we understand your struggles of working from home and looking after children 😂https://t.co/vXb15EQatL pic.twitter.com/4f3PODtJWA
— BBC News (UK) (@BBCNews) July 1, 2020