Хајнрих Химлер (германски: Heinrich Luitpold Himmler 7 октомври 1900 – 23 мај 1945) — главниот заповедник на нацистичката паравоена организација Ес-Ес (Schutzstaffel, SS, Шуцштафел) и еден од најмоќните луѓе во Нацистичка Германија, втор по моќ, зад Адолф Хитлер, во хиерархијата на Нацистичката партија.
Како рајхсфирер (Reichsführer, Царски водач) на СС, управувал со СС и Гестапо. Како основач и главен управувач со нацистичките концентрациони логори и одредите на смртта Ајнзацгрупен (Einsatzgruppen), Химлер ја имал главната одговорност за истребувањето на „подлуѓето“ кои биле недостојни за живот.