Ќе здивнеме од жештините – УХМР најавува пад на температурите и поројни дождови

Сподели со своите пријатели

Како што информира Управата за хидрометеролошки работи, утре по сончевиот ден, се очекува развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

И во наредните денови според УХМР се очекува во попладневните часови да има локален пороен дожд и грмежи. Во недела кон крајот на денот и во понеделник се очекува нестабилноста да биде поизразена и проследена со пообилен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

Во почетокот на наредната недела дневната температура ќе опадне за околу 4 степени.