Ќе се зголеми бројот на тестирања во Куманово

Сподели со своите пријатели

Бројот на тестирања од почетокот на следната недела ќе се зголеми, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Како што вели Куманово ќе биде меѓу првите градови каде ќе се зголеми бројот на тестирања преку мобилен пат.

Денеска, како што вели тој во болницата во Куманово бил испратен професор од Инфективната клиника од Скопје.

– Во болницата во Куманово беше наш експерт професор од Инфективната клиника во Скопје кој детално разговараше со лекарите од инфективното одделение, менаџментот на болницата, за начинот на третман и прием на пациенти, организација на работа, дел за изоалција, бидејќи има тестирани асимптоматски здравствени работници, до утре ќе биде завршена анализата и согласно тоа стратегијата за лекување Куманово ќе биде еден од првите градови каде ќе се зголеми бројот на тестирање преку мобилен пат и кој ќе започне на почетокот на следната недела, изјави Филипче.

Никола Ивановски

Leave a Reply