Ќе се затвори дел од централното градско подрачје во Куманово со новиот План за за одржлива урбана мобилнсот

Сподели со своите пријатели

Дел од централното градско подрачје во Куманово ќе биде затворен за сообраќај, ова се предвидува со новиот План за за одржлива урбана мобилнсот.

Loading...

Кои ќе бидат сообраќајниците што ќе се затворат засега не е одлучено. Денеска беше презентирана нацрт програмата за Планот за одржлива урбана мобилнсот во салата на поранешен Комитет, а како што истакна Емилија Сларидис Јаневска од Секторот за урбанизам при Општина Куманово, планот треба да обезбеди повеќе пешачки коридори, велосипедски патеки, затворање на дел од централните градски подрчаја се со цел да се добие поздрава животна средина.

– Нацрт верзијата не подразбира конечен документ, ќе следи повотрно презентација и граѓаните ќе имаат можност да дадат свои забелешки на нацрт верзијата се со цел конечниот предлог план за одржлива урбана мобилност да биде еден стратешки документ врз база на кој ќе се развива понатаму и пешачкиот и велосипедскиот сообраќај, јавниот превоз во Куманово, а како стратешки документ ќе ни овозможи користење на нови фондови, како во Европскта унија, така и од другите донатори, изјави Сларидис Јаневска.

Веќе се работи на планот за затворање на дел од централното градско подрачје, но точно кои сообраќајници ќе се затворат, треба да го покаже финалната верзија на документот.

 

 

Со овој план се предвидува и изградба на кружна велосипедска патека во градот.

Loading...

– Велосипедските патеки се предвидени, една кружна велосипедска патека која ќе почнува со кружниот тек долж булеварот „Трета МУБ“, се до „Октомвриска револуција“ каде ќе се заврти кај Стара Бања ќе продолжи кружното движење по булеварот „Октомвриска револуција“, по улицата „Доне Божинов“, „11 Октомври“ и ќе заврши повторно на кружниот ток. Тоа е првиот дел од продирањето на велосипедските коридори, рече Сларидис Јаневска

Веќе постоечките соораќајници ќе се редизајнираат по принципот на градот Скопје, односно ќе се користи една сообраќајна лента за велосипедистите.

– Со редизајн на проектирани сообраќајници, токму тоа е разликата од конвенционалниот начин на планирање. Конвенционалниот начин се фокусира на возила, сообраќај и прилагодување на сообраќајниците на возилата, колку повеќе ги шириме сообраќајниците толку повеќе возила добиваме во сообраќајниците, треба на постојните сообраќајници со редизајн на истите да се постигне повеќе простор за пешаците и велосипедистите, додава Сларидис Јаневска.

 

 

Како што рече, др. Јасмина Булевска Талевска, професор од Технички факултет Битола, во изминатите две години интензивно е работено на развој на имплементација на урбаната мобилност на национално ниво, а Општина Куманово е избрана за да добие поддршка од отворениот регионален фонд на Југоисточна Европа.

– Куманово единствено од другите општини се определи толку брзо и веднаш да започне со изработка на овој план за одржлива урбана мобилност, тоа покажува дека сме постигнале една од целите што ја имавме со проектот за поддршка на општините односно постигнавме унапредување на капацитетите и ресурсите на општината, затоа што со овој пристап општината покажува дека ги интегрира заштитата на животната средина, безбедноста во сообраќајот во урбанистичкото планирање, покажува дека го слуша гласот на граѓаните со овој партиципативен пристап, досега до изработката на нацрт верзијата имаме 3.000 испитаници во различни фази и со различен пристап така што јас верувам дека ќе успеат кумановци да ги почувствуаат резултатите и да се издигнат на едно повисоко ниво кога е во прашање урбанта мобилност, рече др. Булевска Талевска.

Loading...

Инаку Планот е стратешки документ Куманово 2020-2030 година и ќе се прави негова ревизија на секои пет години.

Текст: Никола Ивановски / фото: М.Ф.

Leave a Reply