Ќе се тестираат сите здравствени работници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Со одлуката на владата ќе започне тестирање на поголем број здравствени работници, а во Општина Куманово ќе бидат опфатени сите, без разлика дали тие биле во контакт со заболено лице или не.

Loading...

Ова денеска го најави вицепремиерот и претседател на Кризниот штаб при владата Бујар Османи кој беше дел од седницата на Советот на Општина Куманово.

Двесте тестирања се направени уште денеска рече, Османи.

– Идејата е сите здравствени работници дали биле или не во контакт со заболен, независно на хиреархија од директор до последен вработен да бидат тестирани и да ги изолираме сите кои биле позитивни, а се асимптоматски и болницата да ја чуваме како здрав заштитник на граѓаните. Мислам дека последното барање од Општинскиот штаб на кое очекувам да биде позитивно одговорено ќе доведе до нова ситуација и предизвици за граѓаните и општината, но мислам дека со заеднички сили се што ќе произлезе од таква радикална мерка за да има што помалку потешкотии, изјави Османи.

На прес конференцијата со премиерот Оливер Спасовски и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, вицепремиерот истакна дека на заедничкиот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе се разгледаат барањата на локалните власти со цел да се најде заедничко решение за да се спречи ширењето на болеста во Куманово, кој е најпогоден град во државата.

– Тука сме со премиерот да ги разгледаме новите барања на општината, но и заеднички уште еднаш да кажам да ги усогласиме ставовите како да ставиме крај на патот на ширење на болеста во Општина Куманово која во моментот според бројот на жители има најголем број на заразени, а потоа тоа ќе го користиме и во другите општини. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот и општинскиот штаб кои секој ден се состануваат и носат заклучоци и успеваат да ја контролираат состојбата и се надевам дека заеднички ќе ставиме кракрај на ваквата состојба и ќе се вратиме на нормалниот живот, изјави Османи.

Состанокот се уште трае и за одлуките јавноста ќе ја информираат во текот на денот.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply