Ќе се реконструираат повеќе патишта во кумановско-липковскиот регион

Сподели со своите пријатели

Повеќе државни патишта во текот на оваа година ќе бидат реконструирани според програмата на Јавното претпријатие за државни патишта, која е усвоена на 50. седница на Владата на Република Македонија, по предлот на Министерството за транспорт и врски.

Програмата опфаќа и повеќе патишта во североисточниот регион, односно во кумановско-липковскиот крај.

Со државни пари ќе се реконструираат и доизградат патиштата Опае – Бељановце – Станчиќ и Ропалце – Матејче – Липково.

Со заем од светската банка во должина од 19 километри ќе се реконструира патниот правец од Младо Нагоричане до Граничниот премин Пелинце. Со заемот, реконструкција ќе добие и регионалниот патен правец Куманово – Свети Николе во должина 25 км, додека од Ранковце до Крива Паланка ќе се изгради нов експресен пат.

Но, во дописот од Министерството за транспорт и врски, повторно стојат патните правци Крива Паланка – Ранковце и Куманово – Свети Николе, но наведени под ставката реконструкција со пари од Европската банка за обнова и развој. Со средствата од ЕУ, ќе бидат реконструирани и патиштата Куманово – Опае и Никуштак – Куманово.

Владата на Република Македонија интензивно ќе продолжи со изградба и реконструкција на патната инфраструктура со цел да се стимулира економскиот раст и развој на земјата, стои во дописот од ресорното министерство.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.