Ќе се прошируваат градските гробишта во Куманово

Сподели со своите пријатели

Градските гробишта во Куманово е предвидено да се прошират, а Општина Куманово веќе откупила парцела за таа намена спроти веќе постоечките православни гробишта.

Loading...

Како што информираше директорот на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски, на денешната 27ма седница на Советот, за оваа година има доволно слободни гробни места.

– Имаме доволно гробни места за оваа година, пред некој месец имавме разговр, општината има откупено нова парцела спроти постоечките и веќе се работи на документација да направиме уште еден дел спроти православните, каде ќе бидат уредени. Претпоставувам може да се постави нова капела и паркинг, но таа постапка е во тек и ќе видиме што ќе биде оваа година, рече Стојчевски.

Фото: архива

Критики дека недоволно се одржуваат градските гробишта упати советникот Зоран Петрушевски од ГРОМ, кој вели дека состојбата е незадоволителна, особено кога во прашање е сметот.

Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ кое е задолжено за одржување, вели дека редовно се чисти и се уредуваат зелено-цветните површини, но дека граѓаните треба да имаат повеќе свест како и каде го одлагаат сметот.

– Ние се грижме за уредувањето и хигиената на овие гробни места, имаме два дела, муслимански и православни гробишта и за жал морам и јас да го потенцирам тоа, хигиенските услови на православните гробишта не се на завидно ниво, додека во муслиманските е чисто, а исто се грижиме, но традицијата и обичаите кај нас е редовно да се оди да се оставаат разни работи на гробиштата и ние во моментот немаме доволно екипи за да може секојдневно да ја одржуваме хигиената, вели Стојчевски.

Loading...

Тој додава дека постојано се прават акции за чистење, а дека на самите гробишта има вработени кои се грижат за нивното одржување. Потенцираше дека има поставени места за одложување на сметот и граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила.

Leave a Reply