ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Колку од она што се прикажува во реалните шоуа, всушност е реално? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Реалните програми за запознавање парови често креваат голема прашина и многу гледачи ги следат внимателно, па дури и фанатично.

Loading...

Еден корисник на „Редит“ запраша како всушност изгледа снимањето на такви реални шоуа и што точно се случува зад камерите, а на него одговорија бројни луѓе кои тврдат дека работеле на вакви снимања.

 

 

Еве неколку одговори.

1. „Мојот пријател е машки модел и тој вели дека од такви реални програми честопати се јавувале во неговата агенција. Тие сакале убави луѓе. Сето тоа е глума”.

2. „За шоуто на кое работев, секогаш беше најважно продуцентите да ја фатат првата искрена реакција од средбата со натпреварувачите. После тоа, ја снимивме таа сцена уште неколку пати од различни агли, но тие реакции се искрени и вистински“.

Loading...

 

 

3. „Еднаш ми беа понудени 200 евра за да глумам злобна девојка во едно шоу. Не мислам дека има доволно пари за јавно да ја уништам мојата репутација”.

4. „Снимателските екипи се обложуваат на сè. Ако има натпревар во шоуто, тие ќе се обложат. Само продуцентите се држат настрана.”

5. „Учествував во шпанско шоу каде 12 момци, сите од различни хороскопски знаци, се обидуваат да заведат една девојка. Никој не ме праша кога е мојот роденден или кој е мојот хороскоп, тие само ми рекоа да се преправам дека сум Стрелец”.

 

Loading...

 

6. „Татко ми се сретна со родители на девојка која се натпреваруваше во такво реално шоу. Тој ги праша колку е наместено и глумено, а тие одговорија со еден збор:„ Сè!“ Таа е манекенка, а глумеше наставничка.

7. „Мојот пријател се натпреваруваше и вели дека буквално ниту еден од зборовите што тој ги изговорил во шоуто не биле негови, туку сè било напишано однапред“.

 

Leave a Reply