Ќе се гради канализациска мрежа во кумановско Проевце

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ќе гради канализациска мрежа во населбата Проевце соопштија денеска надлежните. Заинтересираните компании за изградба на канализациска мрежа на улицата „601“ во Проевце ќе можат да се пријават до утре кога завршува рокот, објавен на електронскиот систем на јавни набавки.

Loading...

Покрај општите документи, економските оператори треба да достават потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран, лиценца за Б за изведување на градби од втора категорија, издадена од Министерството за транспорт и врски на РСМ.

Огласот завршува утре кога е закажан отворање на понудите.