Ќе имате помали шанси да се разболите: Медитацијата го зајакнува имунитетот и го отстранува стресот

Сподели со своите пријатели

Луѓето кои редовно медитираат имаат помала веројатност да се разболат, според истражувањето објавено во списанието PLOS One.

Loading...

Истражувачкиот тим избра 390 возрасни кои примиле вакцини против грип. Дополнително, само еден дел од тестираните посетувале курс за медитација, а по период од осум недели, оние во групата за медитација биле поздрави од другите.

Во споредба со другите, тие најмалку останале дома поради болест.

 

 

– Претпоставуваме дека тоа е така затоа што луѓето кои медитираат полесно се справуваат со симптомите – објасни д-р Џејмс Кармоди од Медицинскиот факултет во Ворчестер. „Медитацијата ги учи да го насочуваат вниманието за да не заглават во непријатни мисли.

Луѓето кои медитираат полесно ги поднесуваат симптомите на болеста.

Loading...

Во овој поглед, претходните истражувања покажаа дека медитацијата го намалува стресот, што може да доведе до пад на имунитетот. Медитацијата дури и го поттикнува телото да се бори против микробите, инфекциите и токсините.

И тоа не е крајот на придобивките: докажано е дека само 13 минути дневна медитација може да го подобри вниманието, меморијата и продуктивноста на работното место.