Китови убијци држани во нехумани услови пуштени од заробеништво во Русија

Сподели со своите пријатели

Трета група орки, т.н. китови убијци, ослободена е од „затворот за китови“ на далечниот исток на Русија и пуштени се во Охотското море, рекол Оганес Таргулијан, експерт на невладината организациј „Гринпис“ за тоа подрачје.

Loading...

Во петок возила за три орки о заливот Средњаја стигнале во градот Хабаровск, каде животнит ебиле претоварени на бродови и упатени долж реката Амур во населбата Инокентјевк, од каде ќе завршат во морето.

– Орките во вторник беа пуштени во дивина. Сега се движат заедно, ние го следиме нивното движење, рекол Таргулија.

Пред пуштањето во природното живеалиште, ветеринарите ги направиле сите потребни тестови и утврдиле дека здравјето на животните е добро. Морсците цицачи исто така се опремени со опрема која ќе им овозможи на научниците да внимаваат на нивното движење и да собираат податоци за нивното однесување.

Невладината организација „Гринпис“ во откомври минатата година објави едка овие загрозени видови китови се држат во заробеништво во заливот Средњаја, каде се работи на привремено нивно криумчарење во Кина. Со истрата е пронајдена група од над 100 китови убијци и бели китови кои биле држани во очајни услови.

Рускиот претседател Владимир Путин на надлежните агенции им наредил да го надлгедуваат случајот. Локалниот суд пресудил дека цицачите биле незаконски уловени. Компаниите одговорни за кршењето се наводно казнети со 2,1 милиони евра.

Leave a Reply