Китанов изврши увид на делницата Куманово – Страцин

Сподели со своите пријатели

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов изврши увид во отпочната рехабилитација на државниот пат А2 делница Куманово-Страцин (Фаза 2). Станува збор за делница долга 16,64 км со променлива ширина од 7 до 10 метри, проект финансиран од Буџетот на ЈПДП во вредност од 7,2 милиони евра.

Во моментов во атарот на село Војник екипите го гребат постоечкиот асфалт од десната сообраќајна лента. При увидот директорот Китанов изјави дека конечно во блиска иднина ќе заврши маката и голготата за жителите од оваа регија, и овој пат којшто е стар 30-тина години ќе биде квалитетно рехабилитиран и реконструиран за да биде долговечен бидејќи овде има фрекфенција на тежок соообраќај.

Loading...

Тој информираше дека минатата недела е завршен и рехабилитиран и реконструиран патот од Ранковце до Крива Паланка во должина од 21 километар и додаде дека очекува наскоро за пет, шест дена да биде завршено и обележувањето.

„Не застануваме тука, од Ранковце до Куманово има уште 30-тина километри. Отпочната е делницата, односно втората фаза, од патот Куманово кон Крива Паланка, од местото Војник до Ранковце кадешто се наоѓаме сега. Ова треба да биде завршено пролетта 2021 година, но во разговор со одговорните од градежната компанија Бетон ми ветија дека ќе се потрудат и вложат напори, како што гледате имаат донесено соема нова механизација, и ова до Нова Година, согласно со временските услови, бидејќи тие се многу битни за овој вид на работа, ќе се потрудат овие 16 и пол километри да бидат завршени. Значи на веќе завршените 21 км се додаваат и овие 16,54 км”, изјави по увидот директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.

 

 

Тој рече дека во регионот на Куманово, се работи на многу патишта кои со децении биле запоставувани. Очекува за една до две години со завршувањето на експресниот пат, фреквенцијата во овој регион да се олесни.

„Овој дел ќе биде реконструиран, и верувам дека Коридорот 8 ќе го добие заслуженото внимание. Се работи и на делот од Крива Паланка кон Деве Баир. Во кумановско речиси и да нема пат кадешто не се работи, го завршивме и патниот правец Куманово-Свети Николе од 43 километри. Остана само „Искрин Мост“, но Изведувачот е воведен во работа од пред еден месец. Се работи под мостот, се прават пристапни патишта и слични подготвителни работи. Овој мост е сериозен зафат, и тој сериозно бил запоставен многу години”, изјави Китанов.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *