Џули Мексорли и нејзината пријателка Лиз Котриел во понеделникот гледале китови во морето близу плажата Авила во Калифорнија кога биле непријатно изненадени од блиската средба со кит што за малку ќе ги проголтал.
Loading...
За Fox 26 News, Лиз потсети на ужасен момент.
„Мислев дека сум мртва и нема излез. Тогаш сфатив дека сум под вода”, рече таа.
Колегите кајакари брзо притрчале на помош на девојките, а Џули и Лиз избегале без повреди.
„Се вративме кон автомобилот, ја истресов кошулата и испаднаа еден куп риби“, рече Лиз.