Кипарскиот град на духови по половина век се отвора за туристи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Северен Кипар објави дека наскоро ќе го отвори напуштениот кварт Вароша, некогаш популарен туристички центар што стана град на духови по турската воена инвазија на островот пред неколку децении.

Loading...

Медитеранскиот остров Кипар беше поделен на два дела во 1974 година, по пучот во Кипар нарачан од воена хунта во Грција. Пет дена подоцна, Турција го искористи државниот удар како изговор за инвазијата, по што земјата беше поделена на турско-кипарски север и југ, каде што живеат кипарските Грци.

 

 

Помеѓу 1970 и 1974 година, Вароша не беше само позната туристичка дестинација на Кипар, туку и едно од најпопуларните летни одморалишта во светот. Елизабет Тејлор, Брижит Бардо, Ричард Бартон, Пол Њуман и Ракел Велч се само некои од светските sвезди за кои ова ексклузивно медитеранско одморалиште било омилена дестинација.

Со години, некогаш популарното летно одморалиште, напуштена област на античкиот град Фамагуста, беше како ничија земја меѓу северот и југот. Влегувањето во просторот што некогаш привлекуваше гости од целиот свет е сè уште забрането за јавноста.

Но, сега, Ерсин Татар, премиер на самопрогласената Турска Република Северен Кипар, ги објави плановите за повторно отворање на градот, кој некогаш можел да се пофали со повеќе од 12.000 хотелски соби и население од 25.000.

Loading...

 

 

„Во овој момент, ние сме близу до почетокот на процесот на повторно отворање“, рече Татар.

 

Leave a Reply