Кипар воведува највисока цена за тестовите за Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство на Кипар воведува највисоки цени за тестовите за Ковид-19, односно молекуларните (ПЦР) не смеат да бидат над 55 евра, а плафонот за брзите тестови е 25 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Loading...

Одлуката стапува во сила од денеска, а во цената не е вклучен ДДВ.

Од Министерството потенцираат дека тестирањата со брзите тестовите ги вршат само здравствени работници, а процесот на земање примероци е опасен и „брзите тестови не се наменети за самотестирање“.

Додаваат дека позитивните резултати од брзите тестови се проверуваат со молекуларен метод пред да бидат вклучени во потврдени случаи на Ковид-19.

Плафон за цените на тестовите ќе воведе и Грција, како што беше соопштено минатата седмица, со цел да се спречи профитерство.

Во Грција цените се пониски отколку на Кипар, па молекуларниот ПЦР тест не смее да биде поскап од 40, а највисоката цена за брзиот тест е 10 евра.

Сања Ристовска, Грција


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *