Кинезите имаат решение за поплавите, оваа решение се наркува Тесла Модел 3 (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кина исто така се бори со поплави, но тоа не значи дека целиот сообраќај мора да запре. Барем за оние во автомобилите на Тесла.

Loading...

Тесла Модел 3, како најприфатлив електричен автомобил, се здоби со голема популарност низ целиот свет, особено во Кина, каде што исто така започна производството. Моделот 3 има голем број адути, а судејќи според најновите видеа од социјалните медиуми, има уште еден.

 

 

Електричната енергија и водата не се најдобра комбинација, но во овој случај соживотот е возможен. Имено, се повеќе има видеа што сведочат дека Моделот 3 може да се вози низ вода. Не мислиме на поголеми дупки со вода, туку буквално водена бариера што го поклапа предниот дел на автомобилот.

Во едно видео можеме да видиме како изгледа од кабината. Бришачите се во функција, а водата е скоро до шофершајбната. Другите снимки ја прикажуваат ситуацијата однадвор, каде што можете да видите како автомобилот на Тесла го поминува поплавениот пат.

 

Loading...

 

Илон Маск порано истакнуваше дека Model S може да плива за кратко време, а сега Model 3 покажува такви склоности.Дополнително, на полигонот на фабриката во Шангај има област каде што автомобилите на Tesla возат низ водени пречки.

И, конечно, да речеме дека и покрај способностите на Тесла, возењето по поплавени патишта не е паметно. Нивото на водата може нагло да се зголеми, во тој случај автомобилот ќе пропадне, а возачот и патниците ќе останат заробени во автомобилот.

 

 

Leave a Reply