Кинеските супер богаташи го зголемија богатството за 1,5 билиони долари за време на пандемијата

Сподели со своите пријатели

Кинеските супер богати заработија рекордни 1,5 билиони долари во 2020 година, повеќе отколку изминатите пет години заедно, бидејќи е-трговијата и е-игрите за време на блокирањата во пандемијата бележат пик.

Loading...

Дополнителни 257 лица, исто така, се приклучија на клубот милијардери во економијата број два во светот до август, по две години намалено членство, според годишната листа на Хурун.

Во државата сега има вкупно 878 милијардери.

Во САД има 626 лица кои се на списокот на супер богати од почетокто на годината.

Извештајот открива дека во август имало околу 2.000 лица со нето вредност од над 2 милијарди јуани (300 милиони американски долари), што им дава заедничка нето вредност од 4 билиони долари.

Џек Ма, основач на Алибаба, уште еднаш се најде на врвот на листата откако неговото богатство се зголеми за неверојатни 45 проценти до 58,8 милијарди долари, бидејќи мрежните трговски фирми забележаа наплив на деловна активност заради тоа што луѓето со месеци беа со рестрикции.

По него следува Пони Ма (57,4 милијарди долари), шеф на гејмерски гигант и сопственик на WeChat, Тенсент, кој заработи дополнителни 50 проценти и покрај загриженоста за изгледот на неговата фирма во САД, откако таму и се заканија забрани поради стравувања за националната безбедност.

Златко Шумковски

Loading...

Leave a Reply