Кинеските астронаути во јуни почнуваат тримесечна мисија во вселената

Сподели со своите пријатели

Тричлен екипаж на кинеската вселенска програма ќе започне тримесечна мисија во вселената во јуни, соопштија тамошните власти.

Loading...

Најновата капсула ќе биде лансирана на вселенската станица Тијанхе (Небесна хармонија) следниот месец од западна Кина.

Имињата на астронаутите и точниот датум на лансирање не се познати, но се знае дека во тимот нема жени.

Кинезите планираат вкупно 11 лансирања до крајот на месецот.

Кина не учествува во Меѓународната вселенска станица поради спорот со Соединетите Американски Држави.

Од 2003 година, Пекинг испрати 11 астронаути во вселената, вклучително и две жени, сите беа членови на Комунистичката партија на Кина.

Leave a Reply