Кинескиот „Tencent“ го престигна Facebook на светската берза

Сподели со своите пријатели

Берзанската вредност на кинескиот интернет гигант Тенсент достигна рекордно ниво со што го престигна американскиот Фејсбук и влезе во првите пет најголеми светски групации.

Тенсент, оператор за видео игри и доста популарни апликации за инстант пораки како WeChat, порасна на ниво на своите ривали од Силиконската долина и стана првата азиска технолошка групација валоризирана на повеќе од 500 милијарди долари.

Вредноста на акциите на компанијата на берзата во Хонгконг оваа година се дуплираше, а објавување на тримесечните резултати минатата недеа, кога е забележан најголем раст на продажбата за седум години, го потикна и натаму да добива на вредноста на акциите.

По затварањето на азиските берзи, вредност ана Тенсент достигна 4.080 милијарди хонгконшки долари односно 523 милијарди американски долари, со што го престигнаа Фејсбук.

Америакнската социјална мрежа е забранета во Кина и со цензура блокирана на локалниот интернет што овозможува WeChat да просперира во земјата со иновации кои ја тресат локалната технолошка сцена.

Аплиакциајта нуди слични функции како и Фејсбук, а и системот на електронско плаќање кој е се повеќе присутен во Кина и кој дозволува на пример да се купува во продавница и да се плати со скенирање на бар-кодот преку телефонот.

WeChat во третото тромесечје има милијарда активни корисници месечно, 15% повеќе за година дена. Најголемиот дел се од Кина, иако Тенсент се обидува да се прошири и во странство.

Кинеската компанија исто така има бенефит од спектакуларниот успех на својата игра за повеќе играчи „Honour of Kings“. Нејзините приходи од игрите за мобилни уреди се зголемени за 84% во последното тромесечје.

Иако последниот скок на берзата оваа компанија ја сместува во првите пет највредни во светот и натаму е далеку од првото место каде се наоѓа Apple која се проценува на над 870 милијарди долари.

Тенсент е меѓу водечките кинески технолошки компании покрај гигантот за онлајн продажба Алибаба и претражувачот Бајду, односно кинескиот Гугл.