Кинескиот претседател му се јави на Зеленски

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави кинеската централна телевизија.

Loading...

„Си Џинпинг и претседателот на Украина разговараа по телефон“, се вели во соопштението.

Да потсетиме, кинескиот претседател Си Џинпинг вети дека ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски кога ќе се исполнат соодветните услови, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на нејзината посета на Кина.

Зеленски на Твитер објави дека имал долг и значаен разговор со кинескиот претседател.

– Имав долг и значаен телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг. Верувам дека оваа покана, како и назначувањето на амбасадорот на Украина во Кина, ќе дадат силен поттик за развојот на нашите билатерални односи – напиша Зеленски.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.