Тајванските власти забележаа девет кинески воени бродови и 26 авиони околу островот, еден ден откако Пекинг објави крај на воените вежби.
Кина утрово мобилизираше воени авиони и ја премина неофицијалната демаркациона линија „од север, центар и југ“, соопшти Министерството за одбрана на Тајван.
Кинеските бродови биле забележани околу 11 часот по локално време.
Во саботата Пекинг започна тридневни воени вежби за „тотално опкружување“ на Тајван, организирани во знак на протест поради средбата меѓу тајванскиот претседател и претседателот на Долниот дом на американскиот Конгрес.
Кинески воени авиони и воени бродови симулираа целни напади на островот како дел од воената вежба наречена „Единствен меч“, која беше осудена од Тајван.
Соединетите Американски Држави (САД) го повикаа Пекинг на воздржаност.
Целта на вежбите е да се симулира целосно опкружување на островот од 23 милиони жители, за што тврди Пекинг.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.