Кинески борбен авион опасно се приближил до американски, Пентагон објави видео

Сподели со своите пријатели

Кинески борбен авион извршил „непотребно агресивен“ маневар во близина на американски воен авион над Јужното Кинеско Море во меѓународниот воздушен простор, објавија САД.

Loading...

Во соопштението, воената команда на САД одговорна за Индо-Пацификот наведе дека кинескиот авион Ј-16 извршил маневар минатата недела и го принудил американскиот авион RC-135 да прелета низ предизвиканите турбуленции, пренесува Хина.

Вакви пресретнувања се случуваат повремено.

Во декември, кинески воен авион дојде на 10 стапки (3 метри) од авион на американското воено воздухопловство и го принуди да преземе маневри за избегнување за да избегне судир во меѓународниот воздушен простор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден го обвини Трамп за новите ограничувања на правата за абортус