Источната борбена команда на Народноослободителната армија на Кина денеска објави фотографии од воени вежби во близина на брегот на Тајван.
„На 3 август, Источната зона на Народноослободителната армија на Кина (ПЛА) организираше заеднички борбени вежби во северните, југозападните и југоисточните води во близина на брегот на Тајван, во кои морнарицата, воздухопловните сили, ракетните сили, силите за стратешка поддршка учествуваа и здружени логистички сили“, се вели во соопштението на официјалната сметка на Источната борбена команда на социјалната мрежа WeChat.
Објавена е и серија фотографии на кои се гледаат воени бродови, авијација и воена опрема, пренесува РИА Новости.
Кинеската Народноослободителна армија (ПЛА) вчера почна серија воени операции и вежби во близина на брегот на Тајван, објави претходно кинеската централна телевизија.
Тензијата во Тајванскиот теснец се зголеми поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.
фото: илустрација