Кина воведе лимит на платите на фудбалерите

Сподели со своите пријатели

Кинеската фудбалска асоцијација го одобри плафонот за лимит на платите.

Loading...

Од сезоната 2021 година, годишниот приход пред оданочување на странски фудбалер во кинеската Супер лига не смее да биде повеќе од три милиони евра. Максималната плата на еден локален играч е ограничена на 630 илјади евра.

Секој клуб од Супер лигата може да потроши максимум 75,5 милиони евра годишно, вклучително и 10 милиони евра за плати на сите странски играчи.

За играчи чии претходни договори ја надминале границата, клубовите можат да склучат дополнителни договори за да ја надоместат разликата во рок од три години.

Според правилата, доколку некој клуб го надмине ограничувањето за трошење, ќе му бидат одземени шест до 24 лигашки бода. Доколку здружението докаже измама во договорот, клубот ќе биде деградиран, а играчот суспендиран на две години.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply