Кина успешно лансираше два сателита во вселената

Сподели со своите пријатели

Кина успешно лансираше два сателити од серијата Macau Science 1 во вселената.

Loading...

Сателитите беа лансирани од ракетниот носач Long March 2C од космодромот Jiujiuen во северозападна Кина во неделата во 16:00 часот по пекинг време, по што влегоа во предвидените орбити, јавува China Media Group (CMG).

Тоа беше 474-та мисија за лансирање на ракетниот носач од серијата Long March.

Во вселената беше испратен и сателит за научниот експеримент Луоџија-2.

Macau Science 1 се состои од близнаци сателити. Сателитот А носи опрема како што е магнетометар со висока прецизност за откривање на магнетните полиња на Земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија: Премиерот го нарече Илон Маск „арогантен милијардер“

Сателитот Б е опремен, меѓу другото, со детектор на честички со висока енергија и уред за соларни рендгенски зраци за собирање податоци за вселената.

Macau Science 1 има способност да ги надополни резултатите од истражувањето постигнати од сателитите European Swarm и првиот кинески сеизмолошко-електромагнетен сателит Zhangheng 1.

Таквата комбинација придонесува за посеопфатно разбирање на магнетните полиња и просторната средина на ниски географски широчини на Земјата , како и полесно следење на Јужноатлантската аномалија (САА).

Loading...

Macau Science 1 е првата вселенска сателитска програма развиена во соработка меѓу Кина и Макао, објави кинеската Национална вселенска администрација.