Кина со осуда за зголемената американска воена помош на Тајван

Сподели со своите пријатели

Кина денеска го осуди новиот закон одобрен од американското Министерство за одбрана, со кој се зголемува воената помош за Тајван.

Loading...

Кинеското Министерство за надворешни работи посочи дека испраќањето на американска воена помош во износ од 858 милијарди долари, од кои 10 милијарди долари се наменети за брза набавка на оружје за Тајван, сериозно го нарушува мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец, објави Ројтерс.

Кинеското Министерство истакна дека испраќањето зголемена воена помош за Тајван ја преувеличува „кинеската закана“ и несовесно се меша во внатрешните работи на Кина, што, како што се наведува, претставува сериозна политичка провокација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на МААЕ: Нуклеарните објекти во Иран не смеат да бидат нападнати

Во исто време, Министерството за одбрана на Тајван, кое Кина го смета за дел од својата територија, изрази благодарност до САД за усвојувањето на законот што дозволува испраќање поголема воена помош и посочи дека на овој начин безбедноста на островот се зајакнува.

САД се најголемиот снабдувач на оружје на Тајван, и покрај отсуството на формални дипломатски врски, потсетува британската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.