Кина со нова генерација самоуправувачки возови

Сподели со своите пријатели

Кина планира до 2020 година да претстави нова побрза генерација на маглев возови, соопштуваат тамошните медиуми.

Loading...

Треба да се потенцира дека оние кои чекаат возови со рекродни брзини ќе мора уште да почекаат затоа што новите возови ќе имаат средна брзина, но не значи дека не се импресивно брзи.

Возовите ги развива кинеската компанија CRRC Zhuzhou Locomotivec Co. Ltd. и ова ќе биде трета генерација маглев возови.

Новоразвиениот прототип ќе достигне брзина од 200 километри на час, што е за 40 километри на час побрзо во однос на верзијата 2.0 или двојно од првата.

Верзијата 1.0 се користи веќе две години во Чангши, главниот град на кинеската провинција Хунан, а верзијата 2.0 се вклопува и тестира во овој град. Меѓутоа, ниту еден од овие возови не може да функционира без човечка контрола, додека новите возови ќе ја имаат таа можност.

Маглев возовите со средна брзина се дизајнирани да го подобрат градскиот транспорт, додека побтзите возови примарно се користат за поверзување на поголемите градови. Во споредба со традиционалните возови, маглев возовите се побезбедни. Потивки се од 70 децибели, односно од просечна правосмукалка.

Третата генерација маглев возови ќе има поголем капацитет, ќе се движи побрзо, а ќе има и подобри перформанси на успоните. За споредба, овие возови ќе можат да се качат на височина еднаква на четирикатен објект за само 100 метри. Новите возови ќе имаат и „помоќен мозок“ од претодните, поради што автопилотот ќе биде побезбеден. Кога тестовите ќе бидат објавени, новиот маглев би требало да се користи на линии долги од 50 до 200 километри.

Иако маглев технологијата веќе долго се развива, само Кина, Јужна Кореја и Јапонија имаат оперативни маглев возови.

Loading...

Во меѓувреме Јапонија направи план за производство на маглев воз кој ќе достигне брзина од 500 километри на час. Првата фаза од проектот ќе заврши во 2027 година, а возот ќе ги поврзува Токио и Нагоја. Новиот воз ќе го преполови времето на патување помеѓу овие два града.

Leave a Reply