Кина: САД мора да сносат „сериозни последици“

Сподели со своите пријатели

Кинеското Министерство за одбрана денеска ја објасни одлуката на Пекинг да ги прекине воените преговори со САД, донесена во знак на протест поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван минатата недела, предупредувајќи дека Вашингтон мора да сноси „сериозни последици“.

Loading...

Минатонеделната посета на Пелоси ја налути Кина, која овој остров го смета за своја територија и за првпат одговори со пробно лансирање балистички ракети во близина на Тајван, како и со прекинување на некои линии на комуникација со Вашингтон, пренесува Ројтерс.

– Сегашната тензична ситуација во Тајванскиот теснец целосно ја предизвика и создаде американската страна самоиницијативно и затоа американската страна мора да сноси целосна одговорност и сериозни последици за стореното. Суштината не може да се негира, а за комуникацијата е потребна искреност – изјави портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Чиан, во соопштение на интернет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Компонентите за пејџери користени во Либан не биле направени во Тајван

Невидените четиридневни воени маневри на Кина требаше да завршат вчера, но кинеските власти официјално не потврдија дека воените вежби завршиле поради стравувањата дека ситуацијата во Тајванскиот теснец, особено во близина на неофицијалната централна линија, и понатаму е тензична.

По десет воени бродови од Кина и Тајван маневрираа вчера во близина на централната линија, според лице запознаено со ситуацијата, кое е вклучено во безбедносното планирање.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека кинески воени бродови, авиони и беспилотни летала симулирале напади на островот и тајванската морнарица, што го натера Тајван да ги испрати своите воени авиони и бродови да одговорат „соодветно“.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара