Кина презема мерки поради трговските преговори меѓу САД и Тајван

Сподели со своите пријатели

Кина цврсто се противи на трговските преговори меѓу САД и Тајван и ќе ги преземе сите неопходни мерки за цврсто да го заштити својот суверенитет, безбедност и развојни интереси, соопштија властите во Пекинг.

Loading...

Кинеското Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека Кина ќе преземе решителни мерки за да го одбрани својот територијален интегритет и апелираше до САД да не проценуваат погрешно, откако Вашингтон и Тајпеј се согласија да започнат трговски преговори, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

По повод најавата на САД дека ќе започнат официјални трговски преговори со Тајпеј, кинеското Министерство за трговија објави дека политиката „една Кина“ е предуслов за учество на Тајван во економската соработка со странство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонската влада одлучна: Смртната казна останува

Официјални преговори на „почетокот на есента“

САД објавија дека ќе започнат официјални трговски разговори со Тајван неколку недели откако посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси предизвика остри протести од Пекинг.

Првата рунда преговори се очекува да започне на „почетокот на есента“, објави Канцеларијата на трговскиот претставник на САД.

Според „политиката на една Кина“, САД ја признаваат и имаат формални врски со Кина, а не со островот Тајван, но одржуваат „цврсти неофицијални“ односи со Тајпеј, вклучително и континуирана продажба на оружје на островот, кој се соочува со зголемен политички притисок од Пекинг да го прифати нејзиниот суверенитет.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што би можел да направи Трамп на својот прв ден во Белата куќа?