Кина претстави супербрз воз кој „лета“ со 620 километри на час (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кина претстави прототип на супербрз воз, за ​​кој неговите креатори велат дека може да достигне брзина од 620 километри на час.

Loading...

Овој воз е двојно побрз од возот „Еуростар“ и со таа брзина би можело да се стигне од Лондон до Париз за 47 минути, доколку се движи со максимална брзина, објави „Дејли меил“.

Кинеското „сообраќајно чудо“ е прво од ваков вид во светот и е направено исклучиво под домашна режија, а изработката на прототип долг 21 метар чинела скоро 7,5 милиони евра.

 

Leave a Reply