Кина осуди Американец на доживотен затвор за шпионажа

Сподели со своите пријатели

Кинескиот суд денеска осуди 78-годишен американски државјанин на доживотен затвор за шпионажа.

Loading...

Според новинската агенција Ројтерс, станува збор за Џон Шинг-ван Леунг, кој има американски пасош и постојан престој во Хонг Конг.

АП известува дека Леунг бил уапсен на 15 април 2021 година од страна на контраразузнавачката агенција во градот Сужоу.

Засега не се познати деталите за што точно е обвинет, но судот во соопштението наведе дека Леунг е „прогласен за виновен за шпионажа, осуден на доживотен затвор и доживотно лишен од политички права“.