Кина одржа нови вежби по пристигнувањето на американските претставници

Сподели со своите пријатели

Нови вежби во близина на Тајван одржа кинеската армија во моментот кога група американски претставници го посетија Тајпеј и се сретнаа со претседателот на островот Цаи Инг-вен.

Loading...

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина рече дека вежбите се „остро одвраќање за Америка и Тајван, кои продолжуваат да играат политички игри и го поткопуваат мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“, објави Ројтерс.

Повреда на суверенитетот

Министерството за одбрана на Кина посочува дека посетата на американски претставници на Тајван го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.

Изјавата на Пекинг уште еднаш предупреди дека користењето на Тајван за контрола на Кина е осудено на неуспех.

Претходно овој месец, Пекинг спроведе големи вежби во областа околу Тајван, по посетата на претседателот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајпеј.

Нема смирување на тензиите

Петчлената американска делегација ја предводи демократскиот сенатор Ед Марки.

Во конгресната делегација се и републиканецот Амата Колман Рајдваген, демократите Џон Гараменди, Алан Ловентал и Дон Бејер, додава „Гласот на Америка“.

Агенцијата Кјодо го пренесува текстот на кинескиот „Глобал тајмс“ во кој кинески експерти велат дека Америка не дозволува смирување на тензиите со повторување на провокации.

Loading...