Кина објави рекорден број инфекции со корона

Сподели со своите пријатели

Кина денеска пријави 32.695 случаи на инфекција со коронавирус, не сметајќи ги увезените инфекции, што е нов рекорден број заразени со Ковид, објавија здравствените власти во земјата.

Loading...

Од тој број, 3.041 пријавени случаи биле симптоматски, а 29.654 асимптоматски. Овој рекорд уследи по вчерашните 31.144 случаи на инфекција, што е најголем број од средината на април, кога беше прогласен карантин во Шангај, а градот беше затворен два месеци.

Пекинг пријавил 424 симптоматски и 1.436 асимптоматски, а Шангај 9 симптоматски и 77 асимптоматски случаи на инфекција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија