Кина ја зголемува дистрибуцијата на лекови поради растна бројот на заразени со корона

Сподели со своите пријатели

Кинеската влада најави дека ќе ја зголеми дистрибуцијата на лекови за да ја задоволи побарувачката на медицинските установи, домовите за стари лица и руралните области, објавија денеска кинеските државни медиуми.

Loading...

Кина ги укина мерките „нулта-ковид“ во декември минатата година, но бројот на случаи сега се зголемува, објави Ројтерс.

Кина, исто така, ќе му обезбеди на пазарот стоки по стабилни цени во текот на претстојната Лунарна Нова година, објави владата по редовниот состанок, објавија кинеските медиуми.